Од миксер во рерна – Брзо тесто за пица, без квасец!

Од миксер во рерна – Брзо тесто за пица, без квасец!

За подготовка на пица имаме две варијанти за тестото – да купиме готово или, пак, да направиме сами во кујната.

Ако вашиот избор е вкусна домашна пица, ова е рецепт за вас:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 кг брашно
  • 200 мл јогурт
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад ставаат јајцата со солта, јогуртот, прашокот за пециво и сода бикарбона.
  2. Матиме убаво со миксер за да се соедини.
  3. Се премачкува плех со брашно, па бидејќи од оваа смеса излегуваат две теста, едното го ставаме на плехот,  и го натапкуваме со лажица која сме ја ставиле во топла вода.
  4. Истото потоа го правиме и со второто тесто користејќи втор плех.
  5. Се става кечап, оригано, Пекабеско шунка, сланина или кулен, кашкавал, печурки… или други состојки по избор и се пече во загреана рерна на 250 степени околу 15 минути.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Лиснати пица залачиња

Пица со сланина и праз

Пица за 15 минути

Пица деликатес

Пица бомби

Тесто за пица од карфиол

singlepost_text