Јунешки гулаш со печурки – гурманско јадење со богат вкус

Јунешки гулаш со печурки – гурманско јадење со богат вкус

Ако сакате јадење кое ќе ги воодушеви сите гурмани, ова е вистинскиот рецепт за вас!

Состојки:

  • 400 гр јунешко од бут или плешка
  • 250 гр шампињони
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица путер
  • 1 дл црвено вино
  • 1 лажица брашно
  • 3 моркови
  • 1 пиперка бабура
  • 3 компири
  • сол
  • бибер
  • магдонос
  • 1/2 лажичка црвена пипер

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го кромидот (малку покрупно), морковите и бабурата на коцки и шампињоните преполовете ги заедно со дршките, па продинстајте на путер во тенџере. Додајте зачини. Јунешкото исечкајте го на коцки, пропржете го на масло во тава, па додајте го во динстаниот зеленчкук.
  2. Налијте вино, додајте вода по потреба, па ставете ги компирите исечкани на коцки. Крчкајте на ниска температура околу час и половина додека месото не омекне со повремено доливање вода.
  3. Пред крај додајте црвена пипер.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text