Направете вкусни бомбици со суви смокви и урми.
Еве како да ги направите:
Состојки.
- 200 гр суви смокви
- 200 гр урми
- 1 лажица мед
- 100-150 гр мелени бадеми или ореви
- цеден сок од 1 портокал
Начин на подготовка:
- Се чистат урмите, па со смоквите и медот се ставаат во блендер за да се соединат.
- Додадете ги потоа и бадемите/оревите и цедениот сок.
- Убаво измешајте, па формирајте топчиња, односно бомбици. По вкус можете да ги поминете од сите страни во чинија со кокос или мелени ореви.
Уживајте во овој вкусен десерт!
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Домашно тоблероне со кока кола
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди