Брзо се спрема, а уште побрзо се јаде: Почнете го денот со пита

Брзо се спрема, а уште побрзо се јаде: Почнете го денот со пита

Вкусна пита за старт на викендот.

Ова е рецептот по кој ќе ја направите:

Состојки:

  • 700 гр сирење
  • 3 јајца
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици пченичен гриз
  • 1/2 прашок за пециво
  • 400 мл јогурт
  • 1 лажичка сол
  • кори за пита
  • парче путер

Начин на подготовка:

  1. Соединете го сирењето со изматените јајца, масло, гриз и прашок за пециво.
  2. Додајте ги јогуртот и солта во смесата, па кратко матете додека убаво не се изедначи.
  3. Намачкајте плех со путер, па ставете 2-3 кори за пита. Премачкајте ги одозгора со малку масло, ставете фил, па замотајте.
  4. Редете ги во плех и другите кори на истиот начин додека да го пополните целиот. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
  5. Одлично е во комбинација со павлака или јогурт.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Меко, топло, вкусно: Полжав пита

Пита на стар начин со тиква

Посна пита со ориз и праз

Домашна пита каква што не сте јаделе

Сочна и крцкава пита со мелено месо

Посна пита со тиква и цимет

singlepost_text