Иако намазот од цвекло можеби и не звучи претерано вкусно, кога ќе го пробате ќе се уверите во спротивното.
Имено, цвеклото е зеленчук преполн со нутритивни својства преполни со влакна, антиоксиданси и супстанци кои се корисни за здравјето на црниот дроб.
Состојки:
- 2 главици цвекло со средна големина
- 1 конзерва леблебија
- сок од 2 лимони
- 5 чешниња лук
- 1/2 лажичка сол
- 1/4 шолја маслиново масло
- 1/4 шолја вода
Начин на подготовка:
- Во тенџере прелијте цвекло со вода и гответе додека не омекне, околу 40 минути. Откако ќе се зготви, цвеклото измијте го под млаз студена вода, излупете и исечете на поголеми делови.
- Сите состојки ставете ги во блендер, вклучете и оставете да се претвори во кремаст намаз.
- Послужете со чипс од зеленчук, крекери од ориз или свеж леб.
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи