Направете вкусни зеленчукови плескавици.
Подгответе нов деликатес, а ова е рецептот и начинот на подготовка:
Состојки:
- неколку цветови брокула
- 2-3 моркови
- 1 јајце
- брашно
- 2 компири
- сол
- бибер
- магдонос
- вегета
Начин на подготовка:
- Се вари зеленчукот во солена вода.
- Се цеди, па се ренда ситно од крупната страна на рендето.
- Се ставаат магдоносот и солта, биберот и вегетата. Се ставаат и 2-3 лажици брашно, па се додава јајце и се меша да се соедини смесата.
- Со лажица се вадат плескавици, па се пржат во масло.
- Изцедете ги на салфетка и се послужуваат.
Одлично одат во комбинација со павлака или тартар сос.
Повеќе рецепти на Gotvi.mk: