Направете едноставен тробоен колач кој има одличен вкус.
Ова е рецептот, како и состојките кои ви се потребни:
Состојки:
- 1 л млеко
- 10 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 12 лажици гриз
- 2 лажици какао
Состојки за одозгора.
- 400 гр моркови
- 6 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 200 мл вода
- 3 лажици густин
Начин на подготовка:
- Исчистете ги морковите и исечете ги, па сварете ги за да омекнат. Исцедете и испасирајте.
- Се вари млекото, се додава шеќерот, ванилиниот шеќер и гризот додека да се добие потребната густина.
- Се дели кремот на два дела. Во едниот се става какао, а другиот останува бел.
- Се ставаат во плех прво темниот крем, па светлиот крем.
- Ви пирето од морков се ставаат 6 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 200 мл вода. Се вари 5 минути и се става густин, па се соединува.
- Оваа смеса се става најодозгора во плехот.
- Се декорира по желба.
Уживајте во овој сладок вкус 🙂
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Домашно Тоблероне со Кока кола
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди