Шпагети какви што не сте јаделе, ручек за чиста десетка

Шпагети какви што не сте јаделе, ручек за чиста десетка

Од италијанската кујна никогаш доста. Сите знаеме колку е вкусна, а најважно од сè има можност да се експериментира со јадењата кои се приготвуваат со задоволство.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 1 л вода
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 лажица магдонос
  • 1 лажичка оригано
  • 1 шолја кисела павлака
  • 200 гр кашкавал
  • 1 главица кромид
  • 2-3 лажици масло
  • 2 пиперки
  • 400 гр доматно пире
  • 1/2 кг виршли
  • 500 гр шпагети
  • 2 коцки за супа

Начин на подготовка:

  1. Во тенчере со малку масло пропржете ги исечканите кромид и пиперки, па виршлите исечени на кругови.
  2. Додајте го доматното пире, зачините, коцките за супа и водата.
  3. Кога ќе зоврие сè, ставете ги и шпагетите кои ќе ги преполовите. Внимавајте да не се преварат.
  4. Измешајте на страна павлака со кашкавал и додадете го на смесата, па вратете уште 2 минути на оган.
  5. Ставете и магдонос и зачини по избор.
  6. Тргнете од рингла и ручекот е готов.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Јадете тестенини пред спиење – тоа е грешка

Вегетаријански сос за тестенини

Нова идеја за тестенини

Тестенини со сос од печурки

тестенини со кајмак

Тава со тестенини