Спанаќот е многу здрав и се препорачува во исхраната. Ви нудиме ручек богат со витамини.
Еве како да го направите:
Состојки:
- 500 гр спанаќ
- 50 мл масло
- 3 лажици брашно
- 4 чешни лук
- 3 дл млеко
- 1 лажица вегета
- 1 лажичка бибер
Начин на подготовка:
- Спанаќот се чисти и се вари.
- Брашното со лукот се пржи во тавче со масло. Се додава спанаќот, па се ставаат и млекото и зачините.
- Нека крчка додека да се згусне.
На здравје!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Макарони со сирење, спанаќ и шунка
Нема повкусни: Тестенини со спанаќ