Направете ручек кој ќе биде доволен за два дена.
Вкусен ручек, а еве што ви е потребно за да ја приготвите:
Состојки:
- 750 гр тарана
- 400 гр колбаси
- 2-3 бабури
- 2 главици кромид
- 1 кг компир
- 3 лажички вегета
- 1,5 лажичка црвен пипер
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка бибер
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Во тавче со една лажица масло испржете ги бабурите исечени на мали делови. Додајте го и исечканиот кромид, па ставете ги во тава за печење која има капак и каде подоцна ќе ја додадете и тараната.
- Колбасите се сечат на кругови, се пропржуваат, па се лупи компирот и се сече на коцки. Се ставаат компирите и колбасите во тавата за печење.
- Сварете ја кратко тараната, па додадете ја и неа. Зачинете.
- Ставете 2 литри вода во тавата, измешајте и ставете капак.
- Печете во загреана рерна на 200 степени, а ако се згусне додавајте вода.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Јадете тестенини пред спиење – тоа е грешка