Кошнички со јајца и моцарела за супер вкусен старт на денот.
Еве го рецептот, како и состојките кои ви се потребни за да го приготвите овој појадок.
Состојки:
- 1/2 главица кромид
- 2 јајца
- 100 мл млеко
- 1 лажичка маслиново масло
- 1 лажица пармезан
- сол
- бибер
- моцарела
Начин на подготовка:
- Во сад со малку маслиново масло се пржи исчистениот и исечкан кромид, па се става во огноотпорен сад подмачкан со маргарин или путер.
- Се матат јајцата со млекото и пермезанот, па се става сол и бибер. Се сипува оваа смеса врз кромидот.
- Одозгора се реди моцарела која може да ја исечкате на парчиња или да ја изрендате.
- Се пече во загреана рерна на 220 степени околу 6-7 минути
- Се служи топло.
Совет: Може да ја ставите смесата и во калап за мафини и така да ја печете.
На здравје!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок со кој ќе топите килограми