Солени, вкусни, ароматични крекери кои крцкаат под забите и се топат во уста, а се подготвуваат за миг.
Состојки за 25 парчиња:
- 200 гр интегрално брашно
- 3 лажици сусам
- 3 лажици ленено семе (половина сомелете)
- 1 гранче рузмарин, иситнет или сушен околу 1 лажица
- 60 гр путер на собна температура
- 100 мл вода
- 1 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Печката загрејте ја на 200 степени, а тепсијата обложете ја со хартија за печење. Од сите состојки замесете тесто.
- На побрашнета подлога развлечете го тестото на од прилика 3 мм дебелина. Исечете во облици какви ќе посакате и наредете ги во тепсија.
- Печете 15-20 минути, додека не почнат да добиваат боја. Изладете и чувајте ги во затворен сад.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот