Совршена идеја за брз и неверојатно вкусен ручек!
Состојки:
- 500 гр мелено месо
- сол
- бибер
- 1 мала главица кромид
- 200 гр мајонез
- 200 гр кисела павлака Пекабела
- 2 јајца
- 2-3 кисели краставички
Начин на подготовка:
- Измешајте мелено месо, сол, бибер, ситно сечкан кромид и направете топчиња – околу 40 парчиња. Пржете ги на врела тефлонска тава со малку масло.
- Мајонезот, павлаката, варените јајца (сечкани) и ситно сечканите краставички добро измешајте ги, додајте зачини по вкус.
- Испржените гомбоци од месо ставете ги во подготвениот сос и послужете. Како прилог послужете пире од компири или ориз.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна