Вкусен бел колач кој навистина е лесен за подготовка, а вкусот многу ќе ви се допадне.
Ова е рецептот:
Состојки за кора:
- 300 гр бисквити
- 1 дл млеко
Состојки за фил:
- 1/2 л млеко
- 6 лажици брашно
- 4 лажици шеќер
- 1 маргарин
- 200 гр шеќер во прав
- 150 гр млеко во прав
Начин на подготовка:
- Прво направете го филот. Во пола литар млеко сварете ги брашното и шеќерот. Откако ќе се излади додајте ги изматениот маргарин со шеќерот во прав, па ставете го и млекото во прав. Убаво измешајте и соединете. Оставете да се олади и згусне.
- Во длабок плех или наредете еден ред бисквити, ставете малку млеко, па фил. Повторете ја постапката додека имате фил.
- Може да украсите со шлаг и рендано чоколадо најодозгора.
Уѓивајте во овој вкусен десерт!
Повеќе десерти на Gotvi.mk:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега