Одличен е како ужина, но и како гурмански доручек или вечера…
Состојки:
- 250 гр лиснато тесто
- 2 големи главици кромид
- 100 гр сланина
- 100 гр крем сирење
- малку масло
Начин на подготовка:
- Во тава со малку масло пропржете ситно сечкана сланина додека не стане крцкава.
- Извадете ја сланината од тава, па на истото масло пропржете ситно сечкан кромид.
- На побрашнета подлога развлечете тесто па премачкајте го со крем сирење.
- Посипете со кромид и сланина и печете во загреана рерна на 200 степени 20 минути.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт