Не фрлајте храна! Направете вкусни пирошки со бајат леб. Употребете го во кујната наместо да го фрлате.
Еве кои состојки ви се потребни, како и начинот на подготовка:
Состојки:
- 1/2 леб
- 100 гр кашкавал
- 100 гр презла
- 100 гр Пекабеско шунка
- 2 јајца
- 100 гр сирење
- млеко
Начин на подготовка:
- Се дроби лебот и се става во сад. Се додава едно јајце, малку млеко и сол, па се соединува.
- Кашкавалот, шунката и сирењето ситно се сечат, па се додаваат во средината на пирошките кои ќе ги направиме од смесата со леб.
- Убаво поминете ги од сите страни во сад со второто јајце, па во сад со презла.
- Пржете ги во тава со врело масло.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок со кој ќе топите килограми