Лукот на ова јадење му дава заводлива арома…
Состојки:
- 1 главица карфиол
- 3 шолји вода
- 4 чешниња лук
- 1 лажичка сол
- бибер
- лист ловор
- 1 лажица путер
- млеко (по потреба)
Начин на подготовка:
- Згответе посолена вода на средна температура. Кога ќе почне да врие додајте карфиол искинат на цветови, лук и ловор. Кога карфиолот ќе стане мек, процедете ја водата и извадете го ловоровиот лист.
- Додајте путер и почекајте да се растопи. Изгмечете карфиол и разматете со миксер, а сол и бибер додајте по желба. Доколку сакате во пирето можете да додадете малку млеко.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути