Чупавците на многумина им се омилени, но треба доста време за нивна подготовка. Еве рецепт за полесен и побрз начин…
Состојки:
- 1 пакување пишкоти
- 150 гр темно чоколадо
- 2 дл млеко
- 2 дл слатка павлака
- 250 гр кокос
Начин на подготовка:
- Искршете чоколадо на коцки и ставете го во длабока чинија. Додајте млеко и павлака па загрејте на тивок оган со постојано мешање додека не ги поврзете сите состојки во крем. Оставете да се излади.
- Пишкотите потопете ги во крем, па извалкате ги во кокос. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите пишкоти. По желба помеѓу две пишкоти додавајте фил.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути