Вкусни ситни колачи: Триаголници со желе – децата ќе им се радуваат

Вкусни ситни колачи: Триаголници со желе – децата ќе им се радуваат

Интересен колач со желе бонбони на кој децата особено ќе се радуваат.

Може само да сакаат почесто да го правите, а ова е рецептот:

Состојки:

  • 150 гр шеќер
  • 1/2 чаша вода
  • 50 мл млеко
  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр мелени бисквити
  • 100 гр желе бонбони
  • 100 гр сува брусница
  • 100 гр маргарин
  • 1 ванилин шеќер
  • 2-3 лажици какао

Начин на подготовка:

  1. Подготовката е мошне едноставна. Се вари шеќерот со вода и се додаваат какаото и млекото, маргаринот, па мелените ореви, бисквити, брусница, исечканите желе бонбони.
  2. Се додава и ванилиниот шеќер и се меша и соединува.
  3. Се става смесата во фолија и се обликува во форма на триаголник, па се остава да се стегне во ладилник.

Украсете по желба. Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Домашно Тоблероне со Кока кола

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Баклава

Баклава со вишни