Палачинки од јогурт со банана – Лесно се прават, посебно се вкусни

Палачинки од јогурт со банана – Лесно се прават, посебно се вкусни

Направете палачинки на еден поинаков начин – со јогурт и банана. Имаат богат и интересен вкус.

Ова е рецептот, како и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 2 лажички шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 180 мл јогурт
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • малку сол
  • 1 банана
  • 110 гр брашно
  • 2 лажички масло

Начин на подготовка:

  1. Јајцата се соединуваат во посебен сад со шеќерот и ванилинот шеќер, па се мати.
  2. Се додаваат и јогуртот, солта, брашното и се меша.
  3. Ставете и прашок за пециво, како и лажиците масло.
  4. Загрејте масло на тава за палачинки и ставајте стандарно со голема лажица од смесата. Испечете од двете страни.
  5. Ставете врз едната страна од тестото 2-3 парчиња банани и затворете ја палачинката, па кога ќе има меурчиња, превртете ја да се испече и од другата страна.

Може да додадете и други состојки по ваш вкус. На здравје!

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Палачинки на дански начин

Свечени благи палачинки

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта