Торта идеална за сите прилики и празници!
Состојки:
- 100 мл вода
- 150 гр маргарин
- 150 гр шеќер
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 150 гр кокос
- 200 гр слатка павлака
- 200 гр шлаг
- 200 гр млеко во прав
- 2 лажици какао
- 6 лажици брашно
- 1/2 прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Ставете вода во тенџере, додајте шеќер и маргарин. Кога ќе зоврие додајте кокос и млеко во прав и измешајте. Кога ќе се излади обликувајте топчиња и оставете ги 2 часа во замрзнувач.
- Разматете јајца со 6 лажици шеќер, додајте брашно, прашок за печиво, масло и измешајте.
- Поделете ја смесата на половина. Во едниот дел додајте какао. Тепсијата обложете ја со хартија за печење, па ставете го прво светлиот дел, а потоа темниот преку и израмнете.
- Наредете топчиња кокос, потоа притиснете ги да пропаднат низ тестото. Печете на 200 степени околу 30 минути.
- Тортата изладете ја, разматете слатка павлака и шлаг, потоа измешајте и филувајте ја тортата. Кога добро ќе се излади исечете и послужете.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта