Сникерс обланди, крцкави и сочни (Видео)

Сникерс обланди, крцкави и сочни (Видео)

Овој десерт ќе ве маѓепса со својот вкус…

Состојки:

  • 3 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 250 гр издробени бисквити
  • 250 гр препечени несолени кикирики

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер пенасто, додајте маргарин и искршено чоколадо, па ставете на пареа или на рингла и мешајте, но внимавајте јајцата да не загорат, додека јајцата не згуснат и термички се обработат. Во тоа издробете на крупно бисквити и додајте мелени кикирики.
  2. Сè добро изедначете и ставете на еден лист поголема обланда, па израмнете и притиснете со друг лист обланда. Ставете нешто потешко преку и оставете да стегне преку ноќ. Исечете на парчиња и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text