Домашен сируп кој ги решава сите проблеми – За мирен сон, смирување на нервите и здравје

Домашен сируп кој ги решава сите проблеми – За мирен сон, смирување на нервите и здравје

Нането има бројни здравствени придобивки за телото, а еве како може да направите домашен сируп од него.

Состојки:

  • 200 гр свежи листови нане
  • 2 л вода
  • 2 лимони
  • 2 кг шеќер

Подготовка и употреба:

  1. Нането и лимонот добро се мијат во вода, па во два литри вода се рендаат лимоните и се става нането.
  2. Се остава да врие.
  3. Течноста се лади, па се додава и шеќерот и повторно се вари додека да се згусне како сируп.
  4. Сирупот се става во стаклени шишиња.

Инаку, нането е корисно за имунитетот, за спречување на развој на вируси, како и за опуштање на нервите. Помага за проблеми со желудникот, за добар и мирен сок, и спречување на потењето. Го забрзува метаболизмот, па така помага за слабеење, а делува и против настинка и алергии. Го елиминира лошиот здив, а помага и за подобра циркулација.

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Домашен сок од нане

Користете нане- вреди злато

Желе од јаболко со нане

Вкусно месо со нане

Маска за сите типови кожа со нане