Божиќна торта – Десерт од врвни слаткари низ светот

Божиќна торта – Десерт од врвни слаткари низ светот

Мир божји, Христос се роди! Денеска е голем и убав празник на Христовото раѓање. По Бадник и празникот во кој не разбудија коледари, а кој беше крунисан со свечената посна трпеза, време е за крај на постот и вкусни деликатеси.

Направете божиќна торта за вашите најблиски или за гостите за празниците. Еве го рецептот:

Состојки:

  • 250 гр растопен маргарин
  • 250 гр шеќер во прав
  • 1 јајце
  • 300 гр брашно (тип400)
  • 1 прашок за пециво
  • 375 гр кандирано овошје
  • 150 гр суво грозје натопено во рум

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги во сад маргаринот со шеќерот и јајцето. Додадете ги потоа брашното и прашокот за пециво и сè убаво мешајте додека да се изедначи.
  2. Додајте го и сечканото овошје, а потоа смесата ставете ја во тепсија, па печете околу 40 минути во загреана рерна на 160 степени.
  3. Може да ја украсите тортата со тенки парчиња кандирано или обично овошје, како и со прелив од растопено чоколадо.
  4. СОВЕТ: За да направите кандирано овошје во домашни услови ви требаат шеќер и вода. Се става овошјето во шербетот, па се цеди и суши. Најдобро е тоа да го направите ден однапред за да биде спремно, освен доколку за овој концерт не искористите купено кандирано овошје.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Турска баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта