Витаминска бомба: Салата од моркови и ѓумбир

Витаминска бомба: Салата од моркови и ѓумбир

Вкусна и освежувачка, а преполна со витамини и хранливи состојки, оваа салата е идеална за вашето семејство.

Состојки:

  • 1 кг моркови
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 поголем корен ѓумбир
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици лист босилек
  • 1 лажица сусамово или сончогледово масло
  • 1 лажица соја сос
  • сок од половина лимон
  • 1 лажичка коријандер

Начин на подготовка:

  1. Морковите исчистете ги и исечкајте ги, исто така и ѓумбирот, лукот и кромидот. 
  2. Измешајте сè во сад за салата, па зачинете со масло, ситно сечкан босилек, сок од лимон, соја сос и коријандер. 
  3. Обликувајте ја салатата по желба и послужете.

 

Добар апетит!

singlepost_text