Посна салата со грав каква што не сте јаделе до сега

Посна салата со грав каква што не сте јаделе до сега

Направете вкусна и посна салата со грав, совршена за посната празнична трпеза.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 500 гр грав
  • 5 суви пиперки
  • 2 чешни лук
  • масло
  • оцет
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Ставете го гравот од вечерта во вода за побрзо да се свари.
  2. Следниот ден сварете го. Сувите пиперки потопете ги во топла вода, оставете ги околу 15 минути да отстојат, исцедете и ситно исечете ги.
  3. Кога гравот ќе се свари испасирајте го во сад. Додадете ги и пиперките, иситнетиот лук, сол, оцет и масло. Измешајте, па послужете.

На здравје!

Повеќе салати на Gotvi.mk:

Вкусна салата со јајца

Цвекло со еден додаток – највкусна салата или мезе

Шарена салата

Руска салата без мајонез и шунка

Одлична салата од карфиол

Најдобриот рецепт за руска салата

Запечена цезар салата