На Бадник секогаш излегува највкусен – Посно гравче со еден додаток

На Бадник секогаш излегува највкусен – Посно гравче со еден додаток

Направете вкусно посно гравче за вечерашната трпеза. Уживајте во миговите со семејството.

Ова е рецептот за посно гравче:

Состојки:

  • 500 гр грав
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 2 главици кромид
  • 2 моркови
  • 100 гр суви сливи
  • сол
  • вегета
  • 4 лажици масло
  • 1 лажица брашно
  • црвен пипер

Начин на подготовка:

  1. Гравот со става во вода да врие на оган, па се додава содата и се вари околу петнаесет минути.
  2. Се цеди, се мие со топла вода и се враќа во лонецот со претходно досаден ситно исечкан кромид, изренданиот морков, па вода, како и сол и вегета.
  3. Сувите сливи ситно се сечат, па се додаваат внатре и се остава смесата да врие околу 30 минути.
  4. На крајот се ставаат масло со брашно и црвен пипер.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Чорба од грав

Запечен грав

Посна крем супа од грав

Грав по југословенски рецепт

Салата со грав