Ролат со ајвар – Навистина вкусен рецепт (Посно)

Ролат со ајвар – Навистина вкусен рецепт (Посно)

Направете ладно предјадење за сите сетила. Посен ролат со ајвар кој може да го послужите и на празничната трпеза.

Состојки:

  • 200 мл кисела вода
  • 8 лажици брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 4 лажици ајвар
  • 1/2 лажичка сол

Состојки за фил:

  • посен мајонез
  • растителен кашкавал
  • 2-3 кисели краставички

Начин на подготовка:

  1. Се соединуваат во сад состојките за кора, односно киселата вода со брашно, прашокот за пециво, ајвар и сол.
  2. Се става на плех со хартија и се пече на 200 степени.
  3. Се вади од рерна и се става на влажна крпа.
  4. Се премачкува со посен мајонез, се рендаат растителен кашкавал и киселите краставички.
  5. Готовиот ролат се витка, а се декорира по желба.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Маринирани батаци со ајвар

Триаголници со ајвар

Кременадли со ајвар

Ајвар од обарени пиперки

Кифли со ајвар и кашкавал

singlepost_text