Ражничи од компири и сланина

Ражничи од компири и сланина

Кога ќе посакате нешто вкусно, интересно и поинакво, а не би сакале да вложувате премногу труд, ова е решението!

Состојки:

  • 8 компири
  • 12 парчиња сланина Пекабеско
  • сол
  • 8 чепкалки за ражничи

Начин на подготовка:

  1. Секое парче сланина исечете го на три дела. Добро измијте ги компирите, па исечкајте на кругови.
  2. Редете на стапче за ражничи, круг компир, потоа парче сланина, па повторно компир и така по ред. Водете сметка круговите да ги редите по ред, бидејќи така ражничкот ќе го задржи својот облик и ќе изгледа поинтересно.
  3. Повторете го истото со останатите компири и сланина. Печете во загреана рерна околу 30 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text