Кескул е труски десерт кој потсеќа на пудинг. Брзо се прави, а уште побрзо се јаде!
Состојки:
- 5 дл студено млеко
- 40 гр кокос
- 60 гр брашно
- 80 гр шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 лажица путер
- малку сечкани печени лешници за посипување
- малку кокос за посипување
Начин на подготовка:
- Во малку поголемо тенџере ставете студено млеко, кокос, шеќер, ванилин шеќер, полека додајте брашно и сè добро разматете со жица.
- Сè заедно ставете на шпорет да се готви со постојано мешање. Кога ќе зоврие додајте путер и мешајте да се растопи.
- Тргнете од оган и ставете во 4 помали садови. Секој прекријте го со проѕирна фолија и изладете неколку часа во фрижидер. Посипете со сечкани лешници и кокос.
Послужете и уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути