Кога вкусот на сланината, колбасот и месото ќе се измеша со неповторливиот вкус на киселата зелка, се добива чисто совршенство на чинијата.
Состојки:
- 1,5 кг листови кисела зелка
- 500 гр мешано мелено месо
- 1,5 кг чаден свински бут или ребро
- 100 гр чадена сланина Пекабеско
- 2 чадени колбаси Пекабеско
- 100 гр пршута Пекабеско
- 1 главица кромид
- 100 гр ориз
- 1 лажица лута пипер
- 3 лажици црвена пипер
- 1 коцка за супа
- 1 лажица свинска маст
- масло
- сол
- мелен црн бибер
Начин на подготовка:
- Во тава за пржење ставете масло да се загрее, додајте лажица свинска маст, па паржете го ситно исечканиот кромид. Кога кромидот ќе омекне, во тавата додајте исечкана пршута. Измешајте и додајте го меленото месо со непрекинато мешање. Побиберете и посолете по вкус. Додајте лажица лута пипер и ориз, измешајте и тргнете од оган.
- Во врела вода на шпорет ставете коцка и гответе супа. Во тенџерето во кое ќе се готви сармата ставете масло. Дното на тенџерето покријте го со листови зелка.
- Листовите зелка подготвени за сарма редете ги на чинија. Ставете го првото парче зелка на даска за сечкање, филувајте и свиткајте сарма. Готовите сарми редете ги во круг во тенџере и повторувајте додека не го затворите кругот од сарми.
- Сланината исечкајте ја на коцки, колбасот на кругови, па дел „расфрлајте“ преку сармата. Во празнината на средина на тенџерето ставете парче бут. Повторно редете сарми во круг, посипете со парчиња сланина и колбаси, па повторно во средина ставете парче бут.
- Со кутлача од тенџерето налијте супа преку сармите. На сармите ставете три лажички црвена пипер. Долијте ја преостанатата супа и свинската маст. Поклопете ги сармите со листови зелка, покријте со чинија отпорна на топлина, поклопете и оставете да се готви до три часа.
Добар апетит!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Полнет ананас со ориз и пилешко