Направете вкусни бомбици за празничната трпеза со смокви.
Ова е рецептот за вкусниот десерт:
Состојки:
- 400 гр суви смокви
- 250 гр шеќер
- 100 гр мелени ореви
- изрендана кора и сок од 1 лимон
- 50 гр мелени ореви во посебна чинија
- 30 гр шеќер во посебна чинија
Начин на подготовка:
- Смоквите се мелат, па се ставаат во сад со шеќерот, мелените ореви и кората и сокот од лимон.
- Сè соединете со лажица, па направете топчиња со рацете.
- Убаво поминете ги од сите страни во чинија со шеќер, па во чинија со мелени ореви.
Уживајте во празниците 🙂
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет