Почнете го ова утро со вкусни переци кои сите ќе ги соберат на маса:
Состојки за тесто:
- 250 гр маргарин
- 150 гр зејтин
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 40 гр квасец
- 250 мл млеко
- 1 кг брашно
Останати состојки:
- 2 жолчки
- сусам
Начин на подготовка:
- Од состојките се замесува тесто (прво ставете дел од брашното, па по потреба додавајте), се расукува, па од него се прават форми на переци.
- Се премачкуваат со жолчките, се става сусам одозгора и се редат во плех со хартија.
- Се печат во загреана рерна на 210 степени околу 30-40 минути.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок со кој ќе топите килограми