Турска баклава – Многу вкусен рецепт

Турска баклава – Многу вкусен рецепт

Направете вкусна турска баклава од која сите ќе побараат парче повеќе.

Состојки:

  • 500 гр кори
  • 250 гр мак или ореви
  • 5 јајца
  • 2 дл павлака
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја масло
  • 1 прашок за пециво

За шербет:

  • 700 гр шеќер
  • 500 мл вода
  • сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Се матат белките, потоа им се додаваат жолчките, шеќер, павлака, масло и прашок за пециво.
  2. Оревите или макот, во зависност од тоа што сте избрале, се додаваат во смесата на крај, па соединете.
  3. Се става една кора во подмачкан плех и со малку масло на неа, а потоа се ставаат две кори и се филува. Повторете ја постапката, а најодозгора ставете само кора.
  4. Се сечат корите на коцки и се печат додека да поруменат.
  5. Направете го шербетот и ставете го одозгора, па повторно запечете.
  6. За да го направите шербетот потребно е шеќерот да го ставите на оган заедно со водата и малку лимонов сок.
  7. Нека зоврие убаво додека да се згусне.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text