Палачинки на дански начин

Палачинки на дански начин

Направете вкусни палачинки на дански начин, меки од внатре, крцкави од надвор.

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 кесичка прашок за пециво
  • 1/2 кесичка ванилин шеќер
  • 4 дл павлака
  • 100 гр путер
  • 3 јајца
  • 1 лажица шеќер

Начин на подготовка:

  1. Се делат белките од жолчки. Изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, а во друг сад изматете ги жолчките со брашно, сол, ванилин шеќер и прашок за пециво.
  2. Смесите соединете ги, на крај додајте ги павлаката и растопениот путер.
  3. На тава ставете масло и загрејте го, а потоа со лажица ставете од смесата за палачинки и печете од двете страни.
  4. Извадете ги, исцедете ги од маслото и сервирајте ги со крем или џем, а одозгора наросете шеќер во прав, а по вкус додадете и парчиња овошје.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text