Јадење кое ја одбележа 2017 година – Овој рецепт бил најпребаруван на интернет

Јадење кое ја одбележа 2017 година – Овој рецепт бил најпребаруван на интернет

Минатата 2017 година ја одбележа овој рецепт, кој бил дота пребаруван на интернет. Се работи за деликатесот „Говедско Строганов“.

Тоа е познато традиционално јадење од руската кујна, а ова е една од рецептот и начинот за неговата подготовка:

Состојки:

  • 500 гр говедско месо
  • 1 кромид
  • 250 гр шампињони
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица сенф
  • 1 коцка за супа (говедска)
  • 1 лимон
  • 2 кисели краставици
  • 125 мл кисела павлака
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Од говедското филе ги отстрануваме масните делови, го сечеме на тенки долгнавести парчиња, па ставаме сол и бибер.
  2. Кромидот го чистиме и сечеме на полукругови, а шампињоните ги сечкаме ситно. Киселите краставички исечете ги на полукругови.
  3. Во тава со загреано масло ги пржиме парчињата месо, па потоа ги ставаме во чинија.
  4. Во истата тава ги ставаме кромидот со шампињоните да се пржат, заедно со сол, бибер, сенф и брашно. Кратко откако ќе се пропржат во тавата го враќаме и месото.
  5. Во друг сад на оган ставаме вода со коцка говедска супа, а кога ќе биде готова ја додаваме во тавата.
  6. Ги додаваме и киселите краставички и оставаме 30 минути сè да врие.
  7. Потоа, ги додаваме сокот од лимон и павлаката, па ја тргаме тавата од шпоретот.
  8. Сервирајте топло.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

За гурманско уживање – маринада за говедско месо

НЕОБИЧЕН РУЧЕК: Говедско со јаболки

Говедско со црвено вино

Највкусен зимски оброк

Тава со говедско во сос