Откако ќе изедете сè што подготвивте за празниците, ви предлагаме да подготвите вкусен ручек за старт на годината.
Рецепт за компири со сланина, а ова е налинот на подготовка:
Состојки:
- 1 кг компири
- 300 гр Пекабеско сланина
- бибер
- сол
- ким
Начин на подготовка:
- Компирите убаво се мијат, се лупат и се варат во солена вода.
- Откако ќе се сварат, се вадат од водата и на секој компир му се ставаат сол и ким и потоа се витка во парче сланина, се прицврстува со чепкалка и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
- Можете да го сервирате со павлака.
Доколку сакате, можете компирот да го исечете на парчиња, но не целосно. Помеѓу ставете ги парчињата сланина као на фотографијата, а може да додадете и малку кашкавал.
На здравје!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk: