Деликатесна вечера: Торта од шпагети со спанаќ и сланина

Деликатесна вечера: Торта од шпагети со спанаќ и сланина

Од тестенини никогаш доста, со нив може да се прават нови деликатеси и да се експериментира. Направете торта од шпагети со вкусни додатоци и одличен вкус.

Состојки:

  • 250 гр шпагети
  • 3 јајца
  • 100 гр павлака
  • 200 гр сирење
  • 200 гр спанаќ
  • масло
  • сол
  • 200 гр сланина

Начин на подготовка:

  1. Се варат шпагетите во солена вода, се пржи на масло измиениот и исчистен спанаќ, па се додава сол.
  2. Во павлаката се ставаат јајцата и се мати, па се додава сирењето и исечената сланина.
  3. Шпагетите се цедат, се става на нив и смесата со сланината и сè се меша и соединува.
  4. Се подмачкува тркалезен калап, се ставаат на него шпагетите, се рамнат со лажица и се печат во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
  5. Послужете со сирење.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Јадете тестенини пред спиење – тоа е грешка

Вегетаријански сос за тестенини

Нова идеја за тестенини

Тестенини со сос од печурки

тестенини со кајмак

Тава со тестенини