Ако ви здосадија салатите кои ги подготвувате постојано, пробајте го овој рецепт за кинеска салата.
Состојки:
- 1 шолја ориз
- 3 шолји вода
- 1 лажица кари
- 1 лажица сол
- 4 кисели краставички
- 4 варени јајца
- 250 гр пилешко филе
- 100 гр мајонез
- 180 гр кисела павлака
- 1 лажица сусам
Начин на подготовка:
- Оризот згответе го во три шолји вода со лажица сол и лажица кари зачин, па изладете го.
- Исечкајте ги киселите краставички на коцки. Варените јајца исечкајте ги на коцки, пилешкото филе на ленти. Измешајте павлака и мајонез.
- Во тава без маснотија ставете лажица сусам и мешајте со лажица додека не добие фина браун боја, па изладете.
- Соединете ги сите подготвени состојки со смесата од мајонез и павлака и на крај додајте сусам. Измешајте, изладете и послужете.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути