Во духот на празниците: Искажете ја љубовта со чоколадни срца

Во духот на празниците: Искажете ја љубовта со чоколадни срца

Внесете топлина во најслатките љубовни колачиња…

Состојки за тесто:

  • 170 гр маргарин
  • 200 гр брашно
  • 45 гр какао
  • 230 гр шеќер
  • 1 јајце
  • 1 кесичка ванилин екстракт
  • 1 лажица млеко
  • малку кафеав шеќер

Состојки за фил:

  • 120 гр чоколадо за готвење
  • 1 дл слатка павлака
  • шеќер во прав, по желба

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки за тесто замесете ги глатко, завиткајте во најлонска фолија и оставете во фрижидер.
  2. На подлога посипена со брашно развлечете го тестото тенко, на 2 мм дебелина, па вадете срца со калап. Редете ги во тепсија обложена со хартија за печење, посипете со обоен шеќер и печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 10 минути.
  3. Чоколадото и слатката павлака загрејте ги на пареа или во микробранова, добро измешајте и оставете да се излади.
  4. Колачињата потопете ги во филот, оставете ги малку да стегнат и послужете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text