Чизкејк тортички со лимон

Чизкејк тортички со лимон

Вкусни колачиња кои ќе ве освојат…

Состојки:

  • 30 гр мелени бисквити
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица растопен маргарин

Состојки за фил:

  • 230 гр крем сирење
  • 55 гр шеќер
  • 1/2 лажичка сок од лимон
  • 1/2 лажичка кора од лимон
  • 1/4 лажичка екстракт од ванила
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. Рерната вклучете ја на 170 степени. Намастете 6 вдлабнатини во калап за мафини.
  2. Во сад со средна големина измешајте бисквити, шеќер и маргарин. Масата распоредете ја рамномерно во калапот. Печете во рерна околу 5 минути, а потоа извадете да се излади. Не ја исклучувајте рерната.
  3. Соединете крем сирење, шеќер, сок од лимон, кора од лимон и ванила, а потоа додајте и јајце.
  4. Ставајте од масата во калапот до 3/4 од вдлабнатините. Печете во рерна околу 25 минути.
  5. Чизкејкот можете да го прелиете со овошен прелив или да го украсите по желба.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта