Временска прогноза за Нова Година – Ништо од снегот, вака ќе влеземе во 2018 година

Временска прогноза за Нова Година – Ништо од снегот, вака ќе влеземе во 2018 година

Новогодишната еуфорија одамна започна, а вечерва ќе ја имаме најлудата ноќ во годината.

Она што сите ги интересира е денешната временска прогноза, а според најавите на метеоролозите, оваа Нова година нема да ја дочекаме со снег, туку со сонце.

Времето ќе биде стабилно и суво, проследено со ветер. Утринската температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе се движи меѓу 5 и 11 степени.

Во понеделник, на првиот ден од новата година, утринската температура ќе биде од минус пет до еден степен, а дневната од шест до 13 степени. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник се очекува да има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Се надеваме дека ќе си ја поминете убаво новогодишната ноќ и покрај ниските температури.

Среќна Нова година и сè најубаво, од тимот на Gotvi.mk 🙂

singlepost_text