Направете совршен солен новогодишен деликатес во форма на елка.
Како што цела година се трудевме да имате супер брзи и вкусни рецепти, но и корисни совети, овој пат ви предлагаме рецепт кој совршено се вклопува на празничната трпеза.
Состојки:
- 200 мл млеко
- 100 мл вода
- 50 мл масло
- 1 јајце
- 25 гр квасец
- 1 лажиче шеќер
- 2 лажички сол
- 600 гр брашно
Состојки за фил:
- 200 гр Пекабеско шунка
- 50 гр кашкавал
- 2 лажици кечап
- оригано
Начин на подготовка:
- Во сад соединете ги млакото млеко со вода и квасец, па шеќер и сол и оставете десет минути да нарасне тестото.
- Додајте потоа и масло, јајце и брашно и постепено замесете тесто. Оставете го околу 30 минути да нарасне.
- Тестото развлечете го во круг, на средина ставете кечап во облик на елка, ставете ги шунката и кашкавалот (ситно ичечкани или рендани) и малку оригано.
- Се сече тестото по краевите, се преклопува тестото и формира облик на елка.
- Оставете го да отстои 15 минути, па печете во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути.
Имајте вкусни и среќни празници 🙂
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Внимавајте кога купувате новогодишни пакетичиња
Меко, топло, вкусно: Полжав пита
Домашна пита каква што не сте јаделе