Пилешко во сос од печурки: Никогаш побрза и повкусна подготовка на убаво јадење

Пилешко во сос од печурки: Никогаш побрза и повкусна подготовка на убаво јадење

Со ова јадење ќе ги воодушевите сите!

Состојки:

  • 500 гр пилешко филе
  • 1 кесичка крем супа од печурки
  • 200 мл павлака за готвење
  • малку сол
  • кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото филе исечете го на тенки шницли. Во подлабок сад ставете ја содржината од крем супата од печурки, па во неа извалкајте ги шницлите. Редете ги во намастен огноотпорен сад. 
  2. Прелијте ги шницлите со неутрална павлака и посолете по вкус. По желба, изрендајте малку кашкавал. 
  3. Печете во рерна загреана на 200 степени околу половина час, па намалете ја температурата и оставете да се запечат уште 15 минути.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text