Направете вкусни колачиња. Овој пат за празниците ви нудиме супер вкусен рецепт од четири состојки, кој се прави многу поевтино:
Состојки:
- 400 гр наполитанки
- 200 гр еурокрем
- 2 темни чоколади
- малку мелени кикирики
Начин на подготовка:
- Подготовката е повеќе од едноставна. Наполитанките ситно се дробат со рака, а еурокремот и чоколадото ги топиме заедно на пареа.
- Наполитанките се додаваат во смесата со еурокрем и чоколадо, по што се ставаат и кикириките.
- Се прават топчиња и се оставаат додека да се стегнат во фрижидер.
- Може да ги декорирате по желба.
Среќни и вкусни празници од тимот на Gotvi.mk 🙂
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути