Дански палачинки: Меки од внатре, крцкави од надвор

Дански палачинки: Меки од внатре, крцкави од надвор

Знаеме дека сите обожавате палачинки, но дали некогаш сте го пробале овој рецепт? Данските палачинки се разликуваат од обичните и по својот вкус, и по својот облик.

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 1/2 кесичка ванилин шеќер
  • 4 дл павлака
  • 100 гр путер
  • 3 јајца
  • 1 лажичка шеќер

Начин на подготовка:

  1. Одвојте ги жолчките од белките. Разматете шеќер и белки во цврста маса. Во друг сад разматете жолчки, брашно, сол, шеќер и прашок за печиво.
  2. Тие две смеси измешајте ги, а на крај додајте павлака. Растопете путер и додајте во смесата кога малку ќе се излади.
  3. Во лонец ставете масло и загрејте го на средно силен оган. Со лажица земајте од смесата и спуштајте во загреано масло. Готови се кога од сите страни ќе добијат златно жолта боја. Извадете ги, исцедете ги од масло на салфети и сервирајте ги со џем, слатки намази или посипете ги со шеќер во прав.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text