Ако планирате да заминете на пат за време на празниците или, пак, да одите некаде да се одморите додека трае зимскиот распуст на децата, тогаш сигурно ќе ги исклучите сите апарати кои ги имате дома од штекер.
Речиси секогаш ги гасиме климата, телевизорите, и многу други уреди за бела техника од штекерите, ама што се случува со фрижидерот?
Многумина од нас не знаат дали треба да се исклучи или не, но одговорот на ова прашање е повеќе од едноставен.
Освен ако во вашиот крај често не снемува струја, нема потреба да го исклучувате фрижидерот додека не сте дома. Храната и пијалоците така нема да се расипат и нема да има никаков проблем.
Сепак, доколку сте отсутни од дома подолго од месец, препорачливо е да го исклучите и фрижидерот.
Но, немојте да ја фрлате храната која остнала во фрижидерот. Донирајте ја и помогнете некому, немојте никогаш да фрлате храна!
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи
Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите
БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека
Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките