Запечен компир со шунка и сирење – вкусен ручек за секаква прилика

Запечен компир со шунка и сирење – вкусен ручек за секаква прилика

Начинот на подготовка на ова јадење потсетува на мусака, а вкусот на медитерански специјалитети.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • домати
  • 2 гранчиња рузмарин
  • 1 чешне лук
  • 125 гр моцарела
  • 4 јајца
  • 100 мл млеко
  • 150 гр сечкана шунка Пекабеско
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици рендан пармезан

Начин на подготовка:

  1. Компирите измијте ги и заедно со лушпа згответе ги во вода 20 минути. 
  2. Доматите измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги. Рузмаринот измијте го, протресете го и извадете ги игличките. Исчистете го лукот. Моцарелата исцедете ја и исечете ја на парчиња. 
  3. Јајцата разматете ги со млеко, додајте рузмарин и половина од шунката. Додајте испасиран лук. Посолете и побиберете. 
  4. Загрејте ја рерната на 200 степени. Исцедете ги компирите, потоа излупете ги и исечете ги на кругови со иста дебелина. Во намастен длабок плех редете наизменично компири, домати и моцарела. 
  5. Прелијте со млеко и јајца. Посипете со останатата шунка и пармезан. Ставете во рерна да се запече.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text