Вкусна салата со туна и фета – Нешто посебно за трпезата

Вкусна салата со туна и фета – Нешто посебно за трпезата

Вкусна салата со туна, рукола и фета. Совршена комбинација и нешто поразлично до сега.

Ова е рецептот, како и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 2 конзерви туна
  • 90 гр рукола
  • 8 шери домати
  • 1 црвен кромид
  • 2 чешни лук
  • 150 гр фета
  • 2 лажички оцет балсамико
  • 10 зелени маслинки
  • 3 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Туната се цеди, руколата се мие и се цеди, а црвениот кромид и лук се сечат ситно. Доматите се мијат и сечат на пола, а фета сирењето на коцки.
  2. Маслинките исто така ситно се сечат.
  3. Сите состојки се ставаат во длабок сад со маслиново масло и балсамико оцет, па се меша.

На здравје!

Повеќе салати на Gotvi.mk:

Вкусна салата со јајца

Цвекло со еден додаток – највкусна салата или мезе

Шарена салата

Руска салата без мајонез и шунка

Одлична салата од карфиол

Најдобриот рецепт за руска салата

Запечена цезар салата