Доколку се уште не сте одлучиле со што да ги израдувате своите најмили на празничната трпеза, еве идеална прилика да го испробате овој рецепт.
Состојки:
- 4 јајца
- 4 лажици брашно
- 1/2 кесичка прашок за печиво
- 4 лажици шеќер
- 50 мл масло
- 200 мл млеко
- 2 лажици какао
- 200 гр шлаг
- 1 лажица кисела павлака
- 3 реда чоколадо
- 100 гр мелени бисквити
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со шеќер, додајте брашно и прашок за печиво, потоа масло и какао и сè добро измешајте. Ставете во намастен плех и печете на 200 степени околу 15 минути.
- Млекото можете малку да го засладите, додајте искршено чоколадо и оставете да зоврие и чоколадото да се растопи.
- Печениот бисквит прелијте го со изладено чоколадно млеко и оставете да впие. Разматете шлаг, па додајте мелени бисквити. Добро изедначете и премачкајте преку бисквитот. Оставете да се излади час-два, па сечете и послужете. Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега